Младинците на МЗТ Скопје Аеродром не успеаа да обезбедат пласман на завршниот турнир од АБА лигата, откако во директниот дуел за пласман меѓу четирите најдобри беа поразени со  87-82 Копер Приморска.

Македонскиот тим мораше да победи за обезбедување на второто место  во конкуренцијата, но не успеа и Приморска и се приклучува на Црвена Звезда меѓу четирите најдобри екипи на Ф4 турнирот.

За потсетување претходно, МЗТ ги победи Морнар, Задар, загуби од Црвена Звезда, славеше над Цедевита Олимпија и на крај дојде овој решавачки пораз од Приморска, но и покрај тоа се прикажаа во одлично светло.