Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево против Чешка го игра мечот за третото место на Европското првенство Б- дивизија во Орадеа, Романија.
Поразот од Израел е минато, сите погледи се свртени кон Чешка преку која бараме шанса за прогрес во А- дивизијата.
Само победа е опцијата на нашиот национален тим и ништо друго доколку сакаме ранг нагоре, покажаа овие момчиња дека можат и знаат, имаат само еден пораз на овој шампионат и посакуваме така и да остане.
Мечот за третото место меѓу Македонија и Чешка се игра од 17-30 часот, во борба за првото место се среќаваат Полска и Израел од 19-45 ч.
Comments are closed for this post.