Македонската кадетска репрезентација продолжи од одличните игри на Европското првенство од Б дивизијата кое се одржува во Орадеа, Романија.
Избраниците на Симиќ ја победија Словачка со 83:58 и со ова го потврдија првото место во групната. Андреј Јакимовски со дабл дабл од 10 поени и 10 скокови беше најдобриот поединец во нашиот тим.
Натпреварот со Данска во последното коло нема да има резултатско значење за нашата селекција која веќе го обезбеди пласманот во четвртфиналето.
Comments are closed for this post.