Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ќе биде организатор на пријателски тутнир во Скопје во „СРЦ Кале’. Ова ќе ќе биде главен дел од подготовките за настапот на ЕП во Италија.

По серијата пријателски натпревари, пред избраниците на Денис Дервишевиќ е турнирот во нашата метропола на кој ќе играат против Полска, Чешка и против Израел.

На 28 месецов нашата кадетска репрезентација ќе замине во Маврово на завршни подготовки по што на 7 август заминува за Удине, Италија каде што ќе се игра ЕП за играчи до 16 години.

Распоред на натпревари: 

26.07.2019 – петок
17:00ч Полска – Чешка
19:00ч Северна Македонија – Израел

27.07.2019 – сабота
17:00ч Чешка – Израел
19:00ч Полска – Северна Македонија

28.07.2019 – недела
10:30ч Чешка – Северна Македонија
19:00ч Израел – Полска