Кадетската кошаркарска репрезентација на Северна Македонија доживеа пораз од Израел со 72-83 (39-37) и на крајот се пласираше на 12 место на Европското првенство во Удине.

Иако „жолто-црвените“ се држеа во текот на целиот меч и во последната четвртина влегоа со водство од плус три 61-58, сепак заморот ги стигна и Израелците го добија последниот дел со убедливи 25-11, за на крајот да триумфираат со +11.

Наков со 20 поени беше најдобар во нашиот тим. Северна Македонија првенството го заврши со две победи во седум меча. Кадетите и следната година ќе бидат дел од „А“ дивизијата.