Искусниот кошаркар Кајл Корвер својата кариера ќе ја продолжи во НБА тимот на Милвоки Бакс.

Во оваа екипа искусниот шутер ќе остане до крајот на сезоната 2019/20.Корвер минатата сезона започна во Кливленд,а во ноември беше трејдуван во Јута.

Играчот имаше понуда и од Филаделфија, но сепак се реши да премине во тимот кој минатата година имаше најдобар скор во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Корвер во моментот е на четвртото место на вечната листа на шутери за три поени .Тој во својата кариера во НБА лигата има постигнато вкупно 2.351 тројки и се наоѓа зад Реј Ален, Реџи Милер и Стеф Кари.