Најдобриот кошаркар на Аргентина на Мундобаскетот во Кина, Факундо Кампацо на мечот против Србија, стигна до бројки кои никој ги немаше достигнато уште од времето на Тони Кукоч и настапот на легендарниот Хрват на Светското првенство во 1994. година.

Кампацо стана првиот кошаркар по Тони Кукоч кој успеал на еден натпревар на Светските првенства да има повеќе од 15 поени, 10 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки.

Тој во победата на Аргентина над Србија запиша 18 поени, 12 асистенции, 6 скока и 3 украдени топки и беше најзаслужен за триумфот на „гаучосите“.

„Не знам дали сме добри како генерацијата на Џинобили, но уживаме додека трае. И нема да се предадеме“ – скромно истакна Кампацо.