Кошаркарот на Реал Мадрид и најкорисен играч во финалната серија на шпанското кошаркарско првенство Факундо Кампацо најверојатно ќе игра во НБА лигата  пренесува престижниот весник, АС.

Според информациите, два НБА тима се заинтересирани за услугите на плејмејкерот на мадридската екипа, кој што сезонава беше најдобриот играч во битката за титулата против Барселона.