Кошаркарската репрезентација на Канада остана без својата најголема ѕвезда пред настапот на Светското првенство во Кина.

Играчот на Њујорк Никс, Ар Џеј Берет го откажал настапот поради повреда на мускулите и сака целосно да се посвети на опоравувањето пред стартот на својата прва НБА сезона.

Берет беше избран како трет пик од Никс и важи за еден од најталентираните кошаркари на новата генерација, а тоа го докажал преку младинските категории.