Популарното НБА финале од 1998 година меѓу Чикаго Булс и Јута Џез е тема две децении подоцна.
Повторно е актуелизирана со серијалот „Последниот танц“, а еден неоткриен детал го изнесе некогашниот центар на Јута, Антоан Кар.
Битката, според него, не се водела само на паркетот, туку и надвор од него, а Булси имале и своја тактика.
„Џордан и екипата имаа обиди да не попречат и во подготовките. Луѓе од Чикаго секогаш се обидуваа да изведат нешто. Така, на нашите врати ноќ пред натпреварот се појавија Плејбој зајачици со торта. Носеа кабаници, а ако ви дадат парче торта, би ги соблекле и мантилите и тогаш…Добродојдовте во Чикаго.“ – раскажува Кар.
Без оглед на тоа што девојките биле многу атрактивни, Кар признава дека успеал да им одолее во обидите да го однесат во кревет.
Comments are closed for this post.