Легендарниот НБА центар Карим Абдул Џабар во текот на својата одлична кариера играчки за Милвоки и Лос Анџелес Лејкерс постигна 38.387 поени, најмногу во историјат ана лигата. Долги години делуваше дека тој рекорд ќе остане недстижен, но сега сериозно да го сруши се заканува Леброн Џејмс.

Втор на листата е Карл Мелоун, со 26.928 поени и активниот Леброн, кој има 35.587 поени.

„Би сакал да го достигне мојот рекорд. Јас не ги гледам рекордите како лични остварувања, веќе како достигнувања на човечката раса. Ако едно лицеможе да постигне нешто што никогаш било достигнато, тоа значи дека имаме шанса да го направиме тоа. Тоа е извор и надеж на инспирација. Роџер Банисер уште во 1954-та истрча милја за помалку од четири минути, а од тогаш тој рекорд е соборен повеќе од 1.400 пати. Сега за тоа е потребно дури 70 секунди помалку. КОгат тој рекорд ќе се сруши, победува сите. Ако Леброн го собори мојот, јас ќе бидам тука да навивам за него“– изјави 74 годишниот Карим Абдул Џабар.

Џејмс има 36 години, а во лигата е од 2003 година, кога како прв пик го избраа на драфтот од Кливленд Кавалирс.