Според информациите од најсилната кошаркарска лига на светот, најмалку 10 проценти од играчите, се уште не примиле ниту една од вакцината против ковид 19.

Најголемиот проблем претставува Бостон Селтикс, каде што голем број од играчите се уште не се решиле на овој чекор. Меѓу асовите, најзвучно име кое не е вакцинирано е Кајри Ирвинг, ѕвездата на Бруклин. Џонатан Исак, од Орландо, пак на социјалните мрежи гордо објавува дека нема вакцинар.

НБА лигата се уште ги нема објавено протоколите за играчите за оваа сезона. Се знае дека судиите и персоналот кој е во непосреден контакт со играчите мора да бидат вакциирани.

За ова реагираше и легендата на НБА лигата, Карим Абдул Џабар. Тој смета дека и од играчите мора да се побара да бидат задолжително вакцинирани.

„Нема место за ризик. Никој од играчите не смее да го загрозува здравјето и животот на своите соиграчи. Очигледно е дека некои не се свесни за ситуацијата и поради вакцината мора да биде задолжителна“– вели легендарниот кошаркар.