Кошаркарот на Минесота, Карл Ентони Таунс обајви на социјалните мрежи емотивна порака во која повикува на максимална внимателност во борбата со Ковид-19, неговата мајка е во кома и се бори за живот, имала симптоми на коронавирусот.

Мајката на Таунс е во болница од минатата седмица, во живот ја одржуваат апарати за вештачко дишење, кошаркарот вознемирен напиша.

„Сите мораме да сфатиме колку е сериозна оваа борба со коронавирусот, со седењето дома ќе допринесете во борбата против коронавирусот, јас мојата семејна ситуација ја објавив на социјалните мрежи за да покажам колку е ситуацијата сериозна, им благодарам на сите што се вклучија во борбата против Ковид-19“ – изјави меѓу другото Таунс.