Кармело Ентони својот кам-бек на НБА паркетите ќе го има најрано во вторник. Поранешната НБА ѕвезда пред два дена потпиша необврзувачки договор со Портланд кои пак ги очекува меч со Хјустон од каде Мело минатата сезона си замина.

Триесет и пет-годишниот ветеран треба да помине низ задолжителни медицински истражувања и дури тогаш ќе потпише со Трејлблејзерс, пренесе „ЕСПН“.

Крилото се враќа во НБА лигата по пауза од над една година. За последно, тој одигра 10 натпревари со тимот на Рокетс на стартот на сезоната 2018/2019.