Третиот пик од 2003 година, Кармело Ентони по една година повторно се враќа во НБА лигата, а негов нов клуб е Портланд Треилблејзерс. Поранешниот играч на Њујорк ќе добие негарантиран договор со кој дневно ќе заработува скромни 14.490 долари.

Договорот може да стане постојан на 7. јануари, период до кој минатогодишниот финалист на Западот треба да одлучи дали е задоволен од играта на Ентони. Мело професинална кошарка нема игра една година, а последно беше дел од екипата на Хјустон.