Кармело Ентони, летното засилување на Лос Анџелес Лејкерс, верува дека неговата екипа е подготвена на старт на НБА сезоната.

Во вторник Лејкерс во Степјлс центарот ќе го дочекаат Голден Стејт. Немаат баш сјајна увертира, со оглед на тоа дека ги изгубија сите шест мечеви пред стартот на сезоната. Меѓутоа тоа не го загрижува популарниот Мело.

„Ќе направиме се за да ги победиме Вориорс. Дали се ќе биде совршено? Веројатно нема. Меѓутоа, мора да бидеме трпеливи полека да го градиме тимскиот дух“– истакна Ентони.

За него Лејкерс е шести тим во НБА кариерата. Пред тоа играше во Денвер, Њујорк, Оклахома, Хјустон и Портланд. Во Лос Анџелес пристигна на покана на големиот пријател Леброн Џејмс.