Американскиот кошаркар Кејт Ленгфорд го смени клубот. По само една сезона мината во Панатинаикос, Американецот се договори на договор со важност на една година со АЕК Атина.
„Жолто-црните“, кои пред две сезони ја освијата ФИБА Лигата на шампионите добија големо засилување за новата сезона.
35-годишниот Ленгфорд во Европа настапуваше за Биела, Олимпија Милано и Виртус во Италија, Химки Москва и Уникс Казан во Русија, Макаби Тел Авив и Макаби Ришон Лезион во Израел и минатата сезона во Грција во дресот на Панатинаикос. Во Кина, го носеше дресот на Шензен Леопардс и во САД, каде играше за Сан Антонио и во неколку колеџ тимови.
Comments are closed for this post.