Финалниот турнир на кошаркарската Евролига следната година ќе се игра во „Ланксес Арена“ во германскиот град Келн каде традиционално се игра завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција.

„Одбравме локација на која досега не се одржувал Ф4 турнир. Келн ќе биде перфектен домаќин“, изјави Жорди Бартомеу, претседателот на Евролигата.

Атина беше главен фаворит, но заради политички проблеми, најавените избори во земјата во тој период, ја откажа организацијата.

Една недела подоцна по кошаркарскиот „фајнал-фор“, во истата арена ќе се игра и ракометниот завршен турнир на Лигата на шампионите во машка конуренција.