НБА тимот на Бостон Селтикс го ангажираше Кемба Вокер за заменик на Кајри Ирвинг. Новиот бек на тимот уште сега ужива сериозна доверба кај раководството на тимот.

Еден од сопствениците на „келтите“, Вик Грусбек, зборуваше за најголемото летно засилување на легендарниот тим.

Кемба е феноменален играч.Тој е крајно возбуден од доаѓањето тука. Мило ми е што нè одбра. Тој зборуваше со жар за сите наши титули, шампионски прстени и чувството да се биде играч на Бостон “ изјави Грусбек за „ВЕЕИ“.

Претседателот на кошаркарските операции во Селтикс, Дени Ејнџ пак смета дека Вокер е докажано име во лигата.

” Совршено ќе се вклопи во нашата организација”  смета Ејнџ.