Пол Милсап, четирикратен НБА Ол-стар играч, стана нов играч на Бруклин Нетс.

36-годишното крило ги помина последните четири сезони во Денвер, а по крајот на минатата сезона стана слободен играч. По изборот помеѓу Голден Стејт, Чикаго, Лос Анџелес Клиперс и Бруклин, тој се одлучи за последниот тим, кој беше еден од главните фаворити за НБА круната минатата сезона, но се сопна во полуфиналето на конференцијата против подоцнежниот шампион Милвоки.

Милсап минатата сезона имаше учинок од 9 поени по натпревар и 4,7 скока во Денвер. Пред Денвер во НБА кариерата, тој сепак играше за Јута (2006-2013) и Атланта (2013-2017).

Милсап е второто засилување на Нетс оваа година, откако во клубот дојде австралискиот стрелец Пети Милс. Со Милсап и Милс Кевин Дурант доби двајца врвни играчи и Нетс секако се големи фаворити за титулата. Особено ако Харден и Ирвинг закрепнат.