Нов ден, нов отказ. Кевин Лав нема да настапи за Соединетите Американски Држави на престојното Светско првенство кое ќе се одржи во Кина.

Тој е последното големо, значајно име кое одлучи да го скокне овој турнир и со тоа да им се приклучи на Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Бредли Бил, Си-Џеј МекКалум, Тобајас Херис, Ерик Гордон, Зајон Вилијамсон, Демиен Лилард и Демар Дероузен кои поради различни причини нема да настапат на Мундобаскетот.

Причините уште не се познати.Единствено добро е за тренерот Грег Попович што кошаркарот на шампионот Торонто Репторс Кајл Лаури ќе настапи за САД,иако има проблеми со повредата на раката.

Нов играч во ростерот на Лудиот Србин е кошаркарот на Сакраменто Кингс Дирон Фокс.