Екипите кои сакаат да бидат дел од новата натпреварувачка сезона во Првата лига ќе морат до крајот на септември да ги подмират сите долгови кој Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Првата рата од котизацијата ќе изнесува 8000 евра а ќе може да се плаќа на осум рати.

Ова го донесе денешниот работе состанок на кој присуствуваат членови на Здружението на прволигашзаедно со претставениците на КФСМ предводени од претседателот Перо Антиќ.

„Котизацијата за учество во Првата лига за сезона 2019/2020 ќе изнесува 8.000 евра, а сумата ќе се исплаќа на осум еднакви рати по 1.000 евра до 15. во секој тековен месец започнувајќи од 15. октомври 2019 година. Првата рата клубовите треба да ја исплатат заедно со доспеаните долгови (до 30.09.2019), а втората рата да се исплати до 15.10.2019. Последната рата клубовите треба да ја исплатат до 15. април 2020 година.“ – соопштија од КФСМ.

„Првата машка сениорска лига за сезона 2019/2020 ќе брои дванаесет (12) клуба). Покрај екипите кои стекнаа право за учество во Првата лига, беше испратен допис до екипите на КК Ангели. КК Карпош Соколи и до КК Шкупи за интерес за учество. Екипите на КК Ангели и на КК Шкупи испратија допис дека се заинтересирани за учество во Прва лига. Двата клуба ќе мораат да ги намират своите финансиски долгови до зададениот временски рок. Поради успехот во минатата натпреварувачка сезона, предност им е дадена на КК Ангели кои мораат да поднесат гаранција за котизација до КФСМ како и да ги исполнуваат сите услови за натпреварување во овој степен на натпреварување.“ информираа од КФСМ.

Ждрепката на новата сезона ќе се одржи на 11 септември.