Коронавирусот последните два дена зеде посебен замав низ светот, а поради него се одложуваат секој ден се поголем број на спортски настани.

По тој пример постапи и КФСМ која преку соопштение објави дека кошаркарските лиги низ земјава се одложени на неодредено време.

„Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19), како и препораките на Владата на РСМ и Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија објавува дека сите натпревари во организација на федерацијата од денеска, четврток, 12 март 2020 година со одложуваат на неодреден временски период. КФСМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не, на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи“- стои во соопштението за јавноста.