Од „Куќата на кошарката сооптштија дека новата сезона во Првата лига – жени нема да започне како што беше предвидено на 19 октомври, односно стартот е одложен.

„Имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, раководството на КФСМ донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лига-жени во сениорска конкуренција, кој првично беше предвиден да биде овој викенд, односно на 19. октомври.

Во наредниот период, федерацијата ја очекува потврдата за предлог Протоколот за реализација на планираните активности во натпреварувачката сезона 2020/2021 од страна на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје.

По добивање на позитивен одговор од овие државни здравствени институции, како и скорешна реализација на договорот за набавка на потребните PCR тестови за здравствена и безбедоносна проверка на учесниците вклучени во Првата лига-жени во натпреварувачката сезона 2020/2021, ќе биде донесена одлука за почеток на натпреварувањето.“ – велат од КФСМ.