Натпреварите од 17 коло во домашното кошаркарско првенство закажани за викендов ќе се играат без присуство на навивачи.

Ова го потврдија од КФСМ непосредно по препораката на министерот за Здравство во Владата на РСМ, Венко Филипче, да не се одржуваат масовни собири, како и големи спортски натпревари, додека оние кои ќе се играат, да бидат без публика на трибините.

„По обновената препорака од Владата на РСМ до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 13. март 2020 година да се играат без присуство на публика, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата и понатаму да се одиграат без присуство на публика.“ – соопштија од куќата на кошарката.

17 коло:


Табела: