Денес од Кошаркарската федерација се огласија со соопштение потпишно од претседателот Перо Антиќ во кое се потврдува дека сезоната во македонската Прва лига е завршена.

Со гласање било донесена одлука да нема шампион и да нема испаѓање во понизок ранг. Додека пак од Втората лига две екипи ќе се промовираат како прволигаши во наредната сезона.