Македонската кошаркарска репрезентација на 20 февруари против Естонија на домашен терен ќе ги започне квалификациите за ЕП 2021 година.

Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 100 денари, а  Кошаркарската федерација на Македонија, објави дкеа  целиот приход од овој натпревар ќе биде дониран во хуманитарни цели.

„На нашите кошаркари им треба помош од нивниот верен шести играч, кој ќе даде дополнителна поддршка од трибините. Помогнете им на кошаркарите да испишат нова историја низ страниците на македонската кошарка. Да ѝ покажеме на Европа што знаеме и умееме“- изјавија од КФМ.

За нас мечот против Естонија веројатно е клучен во обидот да се вратиме на големите собири, а покрај овие две селекции во групата се наоѓаат и Русија, која е фаворит и Италија, која автоматски е учесник на ЕП бидејќи е една од четирите земји домаќини. Македонија за пласман на континенталниот собир треба да заврши на едно од првите две позиции во групата.