Од „Куќата на кошарката“ се задоволни од напредокот во полето, повеќе дами во светот на кошарката, пред се меѓу официјалните лица и меѓу судиите.

„Минатиот викенд, во рамките на третото коло од Првата Лига во машка конкуренција, за првпат во историјата на македонската кошарка на теренот функцијата целегат ја извршуваше една дама – Елена Велкоска. Натпреварот кој секогаш ќе остане запаметен во нејзината меморија, но и во историјата на мак-баскетот, се одигра на 16. октомври помеѓу екипите на МЗТ Уни Банка и Гостивар, со победа на гостинската екипа. Следејќи ги трендовите во европската кошарка, каде следниот период 2021 – 2023 е прогласен за период на интензивна инклузија на дамите во кошарката, евидентен е и напредокот на нашите дами во светот на официјалните лица. Па така оваа сезона имаме рекорден број на жени судии и делегати на сите нивоа и натпреварувања во С. Македонија. Елена Велкоска, неколкугодишен делегат во сениорските лиги при КФСМ, скоро две години е и првата жена претседател на Судиската Комисија при КФСМ. Се надеваме дека ова ќе побуди уште поголем интерес за вклучување на дамите во сите нивоа на натпреварување во македонската кошарка.“ – соопштија од КФСМ.

Честики на успешната приказна, ова треба да е поттик за уште поголемо учевство на дамите во спортот каде што во моментов се во многу мал број.