Венецуела го шокираше домаќинот Кина на кошаркарскиот Мундијал, запиша победа со 72-59 и обезбеди осминафинале.

Кина со овој втор пораз ги загуби шансите за висок пласман, Венецуела водеше по првиот дел со 32-23, ја најави победата која на крајот беше убедлива со 13 поени разлика.

Кај победничката екипа се истакнаа, Голент со 15 и Луис со 13 поени.