Српскиот кошаркар Ѓорѓе Џелетовиќ , кој игра на позициите 4 и 5 е најновото засилување на македонскиот прволигаш Гостивар, потврдија од клубот.

Високиот центар своите почетоци ги има во школата на белградски Партизан, а во кариерата има настапувано и за литванскиот Талина Уликол, Слобода Тузла, Приморје и Варда Вишеград.

Џелетовиќ се прослави минатата сезона во тимот на Војводина од Нови Сад, запишувајќи во просек по 24 поени и 5 скока по натпревар во домашното првенство на Србија. Во Гостивар доаѓа од тимот на Феникс Галати од Романија.