Раководстово на КК Кужув и Војче Лефковски најдоа заеднички јазик па македонскиот кошаркар во новата сезона ќе го носи дресот на тимот кој цело лето бараше играч на позицијата три.

Лефковски требаше да биде дел од составот на Охрид но откако тимот објави повлекување од Првата лига а сите кошаркари добија дозвола да си бараат нов клуб, 28 годишниот гостиварчанец ја прифати понудата од Кожув.

„Ново засилување во нашите редови на позицијата 3 е Војче Лефкоски кој требаше да биде дел од новиот проект на Кк Охрид а минатата сезона го носеше дресот на Кк Блокотехна. Му посакуваме добредојде во црвено белата фамилија.“ – велат од КК Кожув.

Лефковски десет години е дел од професионалната кошарка а предходно играше за Блохотехна, Вардар, Т- Баскет и за неговиот матичен клуб, Гостивар.