Македонскиот Суперлигаш, КК Куманово денеска потврди дека во тимот на Александар Петровиќ има три нови имиња.

Марјан Јаневски се враќа во Куманово по епизодата во Рабтонички а покрај него во КК Куманово во новата сезона ќе играат уште Гoрјан Марковски и Оливер Двојаковски.

Марковски доаѓа од екипата на Фени Индустри а Двојаковски минатата година играше за Охрид. Наскоро се очекува во редовите на Куманово да потпише и Давид Миладониваќ. Подготовките за новата сезона се закажани за 21 август.