Кошаркарите на Куманово значителни си ги зголемија шансите за освојување на шестото место на табелата во домашното кошаркарско првенство а со тоа и пласман во Суперлигата.

Ова откако, Куманово славеше на домашен терен против Кожув со 79:67 и ја задржија предноста од две победи во однос на Перлистер кој денеска го совлада Вардар со 96:81.

Овие два тима до крајот на првиот дел од првенството ќе треба да одиграа против МЗТ Скопје УНИ Банка и против Гостивар кој е во игра за првото место на табелата.

Останатите два натпревари од 15 коло се закажани за утре, Работнички оди на Еуро Никел додека МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостува на Академија ФМП.

ФОТО: kfsm.mk/