Раководствот на КК Работнички демантираше дека не сака да биде дел од АБА 2 лигата, ова доаѓа два дена по најавата на медиумите од Црна Гора и од Србија дека најгрофејниот кошаркарски колектив од земјава е против за учество во втората по квалитет АБА лига.

Позициите се променети, МЗТ Скопје Аеродром најверојатно ќе добиде шасна за кам-бек во АБА лигата и со ова се отвори можност не само КК Работнички туку уште еден клуб од Македонија да биде дел од АБА 2 лигата.

Општина Центар е главниот финансиер на КК Работнички а од таму најавуваат  дека сакаат нивниот тим да биде дел од АБА 2 лигата, испратено е писмо за пријава за учество, а сега се собира потребната документација.

Следната недела најверојатно ќе биде познато што ќе се случува со барањето на КК Работнички за АБА 2 како и за шансата на МЗТ Скопје Аеродром за учество во 1 АБА лига.