Управата на КК Работнички успеа да го убеди Србинот Данило Мијатовиќ да го облече дресот на најтрофејниот кошаркарски колектив од земјава.

Распадот на АВ Охрид овозможи 36 годишниот Мијатовиќ да си најде нов ангажман кој во новата сезона треба да биде еден од клучните играчи на тимот предводен од Димитар Мираковски.

Мијатовиќ добро ја познава нашата кошарка откако во минатото играше за Куманово, Блокотехна и во два наврати за МЗТ Скопје.

Извор: www.basketball.mk