Здружението на кошаркари и прволигашките екипи денеска го одржаа вториот состанок за темата која ги интересира сите а тоа е бројот на странски и домашни играчи.

Според договорот бројката на странски кошаркари останува непроменета вкупно четири, во зависност од фазата на првенството ќе се менува дозволениот број на играчите на теренот.

Тренерите во првиот дел на располагање ќе имаат најмногу двајца, додека во продолжение од првнството нема да има ограничувања, според најавите така ќе биде и во Супер-лигата, не само во плеј-офот.

Наместо претходното правило во исто време на теренот да има тројца македонски кошаркари во иднина најверојатно ќе важи правилото минус еден Македонец на теренот.

Предлогот и официјално ќе биде доставен до Куќата на кошарката најдоцна до петок.