Церемонијата која требаше да се одржи оваа година а на која  легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант требаше да влезе во „Куќата на славните“ е одложена за 2021 година.

Официјално е потврдено на вебстраницата на  НБА лигата, церемонијата првично беше предвидена да се одржи кон крајот на  август но поради пандемијата од коронавирусот е одложена, новиот датум дополнително ќе биде одреден.

Брајант на почетокот од  оваа година почина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други патници.

Во  април беше потврдено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“.

Покрај Брајант во „Кучата на славните“ треба да влезат Кевин Гарнет и Тим Данкан.