Прерано загинатата кошаркарска легенда  Коби Брајант и неговата ќерка Џиана изминатиот петок во круг на најблиското семејство беа погребани во Лос Анџелес.

Истиот беше затворен од очите на јавноста, а официјалното простување од Коби ќе се одржи на 24 февруари во „Стејплс Центар“. Сите фанови на „црната мамба“ ќе имаат можност да се простат од кошаркарот кој ј промени светската кошарка, а кој загина во хеликоптерска несреќа во ЛА на 26 јануари.

Во несреќата животот го загубија сите девет лица кои се наоѓаа во хеликоптерот на Коби Брајант.