Македонскиот претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека составоt на Рогашка во третото коло од новата сезона.

„Металците“ се благи фаворити за оваа средба но тоа ќе мора да го потврда и на теренот пред домашната публика во Аеродром.

 „Рогашка формираше сериозен тим ова лето со многу искусни играчи. Ангажираа двајца плејмејкери од Приморска, имаат добар Американец на центарската позиција и на први две среди покажаа дека сигурно ќе бидат меѓу екипите кои ќе се борат за самоит врв во АБА 2 лигата, кој сезонава е далеку поизедначена. На нас е да одиграме максимално, да бидеме борбени и пожртвувани и ако го сториме тоа, тогаш ќе може да се надевам на позитивен исход.“ – изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.