МЗТ Скопје Аеродром утре во „Јане Сандански“ го дочекува составот на Широки Бријег во осмото коло од АБА 2 лигата.

Предводникот на „Металците“, Ѓорѓи Кочов е свесен а квалитетот на противникот и бара навивачите да им помогнат во обидот да им се вратат на победите во ова натпреварување.

„Играме против екипа која е физички на високо ниво, кога игра агресивна одбрана и која е одлична во транзиција. Тоа е тим кој минатат а сезона беше шампион на БиХ, што доволно говори за нивниот квалитет и сериозност. Очекувам максимална ангажираност од моите играчи и се надевам дека на идентичен начин ќе одговориме на нивната агресивност. Би сакал да имаме голема поддршка од трибините која мислам дека многу ќе ни значи на овој натпревар.“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Широки Бријег е закажан за утревечер од 19 часот.