Кошаркарите на МЗТСкопје Аеродром вечерва ќе истрчаат против Хелиос Санс во натпревар од АБА 2 лигата.

Ова е воведниот од трите меч на вториот „Балон“ во регионалното натпреварување кој овојпат се одржува во Бања Лука.

Предводникот на „Металците“ Ѓорѓи Кочов денеска ќе комбинира без Тодрик Готчер но добра вест е што подготвен за настап е Барнет.

„Не радува тоа што по подолго време сме безмалку комплетни и сите со нетрпение го очекуаме натпреварот. Разликата е тоа што го немаме Готчер, но имаме нов играч кој тренира со нас една недела. Хелиос е одлично подготвен тим со добар офанзивен и дефанзивен систем, и секогаш е тешко да се игра против нив.“ – изјави Кочов.