МЗТ Скопје Аеродром е единствениот тим во АБА 2 лигата кој има максимален учинок по четири кола во новата сезона.

Вечерва во „Јане Сандански“ избраниците на Кочов го победија Борац со 76:69 но и покрај ова тренерот на МЗТ Скопје беше критички расположен по завршувањето на средбата.

„Им честитам на моите играчи за победата. Среќен сум што триумфиравме, но незадоволен сум како игравме. Имавме пропусти, ни останува утре да ја гледаме оваа средба, да ја анализираме и да ги поправиме грешките. Игравме без идеја, направивме почетинички грешки при примопредавање на топката, но најважен сепак е победничкиот конечен исход.“ –  изјави Ѓорѓи Кочов тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

Дека не е се така лошо во победата потврди и предводникот на „Металците.“

„Ако нешто треба да се пофали, прв пат натскокавме некоја екипа и тоа со 18 скокови повеќе од противникот.“ – додава Ѓорѓи Кочов.

Во следното 5 коло, МЗТ Скопје Аеродорм ќе и гостува на Сутјеска.