МЗТ Скопје Аеродром со поразот од Широки на денешното гостување во БиХ си ги загрози шансите за пласман на второто место на табелата во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

„Натпреварот беше енергичен и на високо ниво. Тешко беше да се игра затоа што имавме четири-пет играчи кои не тренираа, тука дојдоа со вироза. Ова не е причина за поразот. Имавме премногу изгубени топки со што не сум задоволен. Изгубивме од една физички доминантна и полетна екипа како што е Широки. Им честитам на победата а ние се насочуваме кон следните натпревари, веруваме дека ќе бидеме комплетни во битката за плеј-офот.“ – изјави Кочов.

До крајот на регуларниот дел има уште три кола кој ќе пресудат за тоа кој ќе ја има предноста на домашниот терен во евентуалното полуфинале од плејофот.

Во следното коло на 27 февруари, МЗТ Скопје Аеродром го дочекува Динамик.