Предводникот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов беше видно задоволен од триумфот на неговиот тим против Ловќен со 41 разлика во АБА 2 лигата.

Тој посочи дека неговите избраници ги заслужиле сите честитки и дека ова е стилот кој сака да го имплетираат во следните натпревари.

„Изненаден сум и јас од нашето издание. Ова е втор натрпевар на кој играме толку добро во одбраната откако јас сум тренер на тимот. Првиот беше против Работнички, пред две години во домашнто првенство. За моите кошаркари можам да кажам само пофални зборови. Играа многу храбро и агресивно. Ито така сакам да ги пофалам и моите помошници кои одлично не подготвија за овој меч.“ – изјави Кочов.

Во следното коло во „балонот“ во Сараево, „Металците“ ќе играат против Младос од Земиун на 7 март од 16 часот.