Предводникот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов беше видно разочаран од играта на неговите кошаркари во поразот од Слобода Ужице во АБА 2 лигата.

„Ве уверувам дека го поттецнивме противникот. Не одигравме на посакуваното ниво, иако добро го анализиравме противникот. Кога ќе промашиш осум слободни фрлања во едно полувреме тоа е катастрофа. Противникот покажа поголема храброст, а ние кога требаше да шутиме, не го правевме тоа, потоа се влегуваше во импровизација.“ – изјави Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во следното коло од АБА 2 конкуренцијата ќе игра против Студентски Центар.