Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром денеска му гостува на Широки Бријег во натпревар од 19 коло од АБА 2 лигата.

По двата порази од Хелиос и од Сплит, избраниците на Ѓорѓи Кочов денеска ќе се обидат да ја забележат тратата победа во низа во меѓусебните пресметки со Широки.

„Не очекува тешко гостување. Имаме проблеми со болни играчи што дополнително ни ја отежнува ситуацијата. Ќе биде тешко да се совлада Широки на негов терен, но мислам дека не сме без шанси. Мора да ја спречиме нивната игра во транцизија и да бидеме најмалку израмнети во скокот. Очекувам правилен пристап од моите кошаркари, не смееме во ниту еден момент да бидеме летаргични, особено не во одбраната.“ – изјави Кочов.

На предходното гостување на МЗТ Скопје Аеродром кај Широки загуби по продолженијата со 67:63.