Стратегот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов беше задоволен од победата над Слобода од 110:88 во воведното коло од АБА 2 лигата но најави дека силните предизвици допрва доаѓаат.

Кочов им се заблагодари на играчите за прикажаната партија но и на навивачите за поддршката на трибините.

„Ова беше прв сериозен меч за нашата нова екипа и очекувано е да бидеме во грч и да правиме грешки во одбрана. Секогаш е убаво кога сезоната ќе ја почнете со победа но ова е триумф кој мора веднаш да го заборавиме. Не очекува пеколен ритам и дуели со силни противници.“ – изјави Ѓорѓи Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во следното коло од АБА 2 лигата ќе му гостува на Спарс во Сараево.