Актуелниот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, утре и официјално ќе ја почне новата сезона со натпревар на домашен терен од АБА2 конкуренцијата против ОКК Слобода Тузла од 19 часот. На денешната прес конференција тренерот на „Металците“ Ѓорѓи Кочов смета дека 7 победи од 8 натпревари во подготвителниот период не значат ништо, ако не се потврди тоа во официјалните средби.

Задоволен сум од подготовките, од ден во ден напредувавме како тим. Сепак, победите во пријателските мечеви не значат ништо посебно, бидејќи официјалните дуели се секогаш нешто друго. Слобода Тузла е екипа составена од млади и талентирани кошаркари. Без разлика што ривалот вели дека ние сме фаворити, тоа ќе биде тежок натпревар“, изјави Кочов.

Со оваа констатација се согласи и капитенот Дамијан Стојановски кој најави голема борбеност во текот на сите 40 минути, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот триумф на стартот од сезоната во АБА2.