Македонскиот шампион утре од 18 часот ќе му гостува на Динамик во Белград во 9 коло од АБА 2 лигата.

По убедливата победа во вечното дерби со Работнички, „Металците“ посакуваат нов триумф и во регионалното натпреварување.

„Динамик има навистина талентиран и млад тим кој е физички на високо ниво. Поучени од минатата сезона се надевам на сосема поинаков епилог на крајот од средбата. Би биле среќни ако успееме да победиме во салата што го носи името на еден од најголемите тренери, Ранко Жеравица.“ – изјави предводникот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

МЗТ Скопје има скор од шест победи и два порази по осум одиграни натпревари во АБА 2 додека Динамик има четири победи и четири порази.

Минатата сезона „Металците“ на гостувањето кај Динамик загубија со 98:75.