МЗТ Скопје Аеродром утревечер од 19 часот ќе и гостува на Сутјеска во натпревар од 5 коло од АБА 2 лигата.

Македонскиот тим е единствен со максимален скор на стартот од сезоната и во дуелот со третопласираниот состав од Црна Гора влегува со намера да ја продолжи победничката низа.

„Секој натпревар во АБА 2 лигата е исклучително тежок, поради тоа сигурен сум дека ќе имаме максимално сериозен пристап кон натпреварот со Сутјеска. Станува збор за екипа со огромно искуство и ексремен шутерски квалитет. Едноставно секој играч од тимо може да погоди од секоја позиција. Мора да најдеме начин да ја намалиме нивната прецизност. Ако го сториме тоа, ќе може да се надеваме на триумф, кој и тоа како би бил значаен за нас.“ – изјави Ѓорѓи Кочов тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.